ОЈО отвори предистрага за работењето на Агенцијата за одземен имот
Во извештајот на Државниот завод за ревизија (ДЗР) има утврдено многу неправилности во работењето на Агенцијата...

Во државниот буџет недостасуваат 7 милиони евра, кои од страна на Агенцијата за одземен имот не биле уплатени, а се од продаден имот стекнат на криминален начин. Овој имот е запленет со правосилни судски пресуди, зашто е стекнат со криминал и со него управува агенцијата, која не смее да ги злоупотребува парите од неговото отуѓување. Во извештајот на Државниот завод за ревизија (ДЗР) има утврдено многу неправилности во работењето на Агенцијата.
За оваа дупка во државниот буџет, како и за другите неправилности што ги утврди ДЗР, како на пример безусулно трошење од страна на директорите на Агенцијата под ставки „договорни услуги“ и „други тековни расходи“, Обвинителството веќе отворило предистрага.
Не ги уплатиле сите пари во буџетот, нивните финансиски извештаи не се точни, а проблеми се утврдени и кај квалификациите на вработените во Агенцијата за управување со одземен имот, ова се дел од забелешките на ревизорите кои утврдиле дека има недостиг на средства уплатени во буџетот.
