Македонија

Протестен марш за Крива Река

12.04.2025 10:47

Од пред Министерството за животна средина и просторно планирање, се маршира до пред Државниот инспекторат за животна средина...

Зелен Хуман Град денеска на марш за, како што велат, загадувањето на Крива Река. Од пред Министерството за животна средина и просторно планирање, се маршира до пред Државниот инспекторат за животна средина. Велат „институциите што требаше да ја спречат и превенираат хаваријата во рудникот Тораница не само што дозволија да се случи, туку и затаија“.

Зелен Хуман Град порачува – не е важно дали си независен, партиски поддржувач, активист, апатичен, млад, стар, жена, маж, дете, куче, риба или птица. Важно е дека сите пиеме иста вода, дишеме ист воздух и јадеме храна од истата загадена почва. И сите ќе ја платиме цената.