Работните групи во „Вреди“ продолжуваат со подготовките на планот за заеднички настап на локалните избори
Работните групи во коалицијата „Вреди“ продолжуваат со подготовките на планот за заеднички настап на локалните избори. Првиот човек на БЕСА, Билал Касами во неделното интервју за Радио Слободна Европа верува дека има реални шанси да продолжат заедно, бидејќи како што вели, вредноста на секоја од партиите е поголема како дел од коалицијата, отколку да делуваат сами.

Таравари останува во ВЛЕН, но добива рок и ултиматум. По неколкудневна неизвесност за излегување на Алијсата од коалицијата ВРЕДИ, на последниот состанок на кој присуствуваше и Таравари, лидерите во коалицијата постигнаа договор – да продолжат да преговараат.
Ценам дека најголем губитник ќе биде тој што во случајот ќе излезе од коалицијата ВЛЕН. Народната поговорка вели – „тој што ќе се оддели од групата, ќе го изеде волкот“, вели Билал Касами претседателот на движењето БЕСА во интервјуто за Радио Слободна Европа.
„Јас ценам дека коалицијата „Вреди“, тежи да не кажам повеќе, но толку без Таравари колку што вредеше и тежеше со него. Сепак, другите чинители се тука во игра. Од друга страна, со секој член во една фамилија, во една коалиција, дури и една партија, има вредност, бидејќи некој ќе биде внатре. Но, кој било да излезе, автоматски создава можност некој да влезе. Јас ценам дека најголем губитник ќе биде тој што во случајот ќе излезе од коалицијата ВЛЕН. Народната поговорка вели – тој што ќе се оддели од групата, ќе го јаде волкот“, изјави Касами.
Разлики во коалицијата засега се надминати, а разговорите преминуваат во втора фаза – на работните групи, кои во рок од два до три дена треба да ги изготват сите комбинации за заеднички настап на локалните избори, вклучувајќи кандидати за советници и градоначалници.
Лидерот на БЕСА истакнува дека ДУИ може да биде поразен само со здружен напор. ВРЕДИ испрати јасна порака до Таравари – останувањето во коалицијата е можно само со јасна дистанца од ДУИ. За возврат понудено му 35% од кандидатите за градоначалници и советници да бидат од Алијансата. Таравари има една недела да одлучи.
Несогласувањата во коалицијата започнаа по информации за тајни разговори меѓу Таравари и Али Ахмети. Од ДУИ нема реакција за евентуалната соработка со партијата на Таравари.
Марина Стојанова-Тонева
