Јапонија

Нема полза од царините, став на јапонската влада

13.04.2025 18:23

Пресврт се случи во средата, кога Трамп неочекувано ги одложи дополнителните, реципрочни царини за сите земји освен кина за 90 дена...

На Волстрит, берзанските индекси пораснаа изминатата недела, и покрај ескалацијата на царинската војна меѓу САД и Кина, додека европските берзи забележаа пад. Пресврт се случи во средата, кога Трамп неочекувано ги одложи дополнителните, реципрочни царини за сите земји освен кина за 90 дена.

Вкупната царинска стапка за кинескиот увоз изнесува 145 проценти. Пекинг, од друга страна, ги зголеми царините за американските стоки на 125 насто.

Во меѓувреме јапонскиот премиер вети дека ќе ги убеди Соединетите држави дека неодамна воведените тарифни мерки нема да бидат од корист за индустријата.