Во Кривичен продолжува судењето за двојното убиство на Вања и Панче
Во Кривичниот суд продолжува судењето за двојното убиство на Вања и Панче, со исказ на првообвинетиот Љупчо Палевски. На последното рочиште таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, рече дека се сомневал оти неговата ќерка е киднапирана...

Во Кривичниот суд продолжува судењето за двојното убиство на Вања и Панче, со исказ на првообвинетиот Љупчо Палевски. На последното рочиште таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, рече дека се сомневал оти неговата ќерка е киднапирана.
Додаде и дека полицијата погрешно ја водела истрагата, бидејќи сметала дека Вања избегала во Тетово, потоа дека отишла во Шведска и се приклучила на ИСИС, а од контакт во Сејф сити на Гоце Трајковски, со кој вршел паралелна истрага, дознал за исчезнатиот цитроен на велешанецот Панче Жежовски, кој ќе биде искористен во грабнувањето на неговата ќерка.
