Реакција

Тошковски: Законот почна да ги удира токму таму каде што најмногу ги боли

15.04.2025 12:11

Истите тие функционери на ДУИ кои некогаш со ароганција велеа дека не одговараат пред законот, туку само пред Али Ахмети, а кога некој ќе им спомнеше одговорност за криминал одговараа со закани со чизмите од таванот, денес панично се разбегаа, бидејќи за првпат почувствуваа дека законот е над партијата, напиша на Фејсбук,Тошковски.

Обвинувањата на СДСМ и ДУИ и интерпелацијата од Левица, министерот за внатрешни работи Тошковски ги оквалификува како координирани во обидот да фрлат сенка над она што три децении го чека македонскиот народ, расчистување со корупцијата и ставање крај на политиката на неказнивост.

Истите тие функционери на ДУИ кои некогаш со ароганција велеа дека не одговараат пред законот, туку само пред Али Ахмети, а кога некој ќе им спомнеше одговорност за криминал одговараа со закани со чизмите од таванот, денес панично се разбегаа, бидејќи за првпат почувствуваа дека законот е над партијата, напиша на Фејсбук,Тошковски.

СДСМ пак, кои зборуваат за селективност и неправда, треба да се присетат дека за време на нивното седумгодишно владеење со ДУИ, државата ја потресоа три големи трагедии во кои животот го загубија над 70 луѓе.

Ова не е само моја битка, ова е наша битка, битка на сите граѓани кои 30 години живеат во држава во која политичката елита си играше фудбал по канцеларии и ја шутираше Македонија како топка. Денес, наместо тие да ја шутираат државата како што сакаат, законот почна да ги удира токму таму каде што најмногу ги боли. Ова не е само политичка битка. Ова е враќање на Македонија таму каде што ѝ е местото, во рацете на граѓаните, а не во рацете на криминалците, наведува во своето обраќањето преку Фејсбук, министерот Тошковски.