Корупцијата сериозен проблем за регионот, покажа анализата на МЦМС
Корупцијата е навлезена во сите сфери во регионот, Македонија не е имуна. Ова го покажало истражувањето на Македонскиот центар за меѓународна соработка, според кое граѓаните редовно плаќаат мито за да добијат некаква услуга...

Деведесет насто од луѓето на коишто им е побарано мито, дале пари за да добијат некаква услуга. Анализата на МЦМС покажува дека корупцијата е длабоко вкоренета во сите земји од регионот, а не е поштедена ни Македонија. Освен тоа, во последните години актуелен е и феноменот на заробени институции, кој ја поткопува довербата во правната држава.
Оддалечувањето на земјите од евроинтегративните процеси го зголемува ризикот од корупција, покажува истражувањето. На ова укажува и делегацијата на ЕУ посочувајќи ги извештаите за напредокот на земјата.
Заклучок на конференцијата посветена на борбата против корупцијата е дека состојбата на ова поле е влошена во последната декада и затоа е потребен интерактивен пристап меѓу институциите, граѓанскиот сектор и Владата за да се подобрат состојбите.
Анита Димитријевска – Велковска
