ОЈО Прилеп

Предистрага за злоупотреби во прилепската болница

15.04.2025 12:40

Обезбедени се наредби за претрес на осум локации, а дејствијата ги презема Управата за финансиска полиција...

Основното јавно обвинителство Прилеп постапува во предистражна постапка поради сомненија за кривично дело Зоупотреба на службена положба и овластување, а поврзано со финансиското работење на болницата.

Обезбедени се наредби за претрес на осум локации, а дејствијата ги презема Управата за финансиска полиција.

По претресите, предистражната постапка ќе продолжи со други дејствија за обезбедување докази, велат од Обвинителството.