Трагедија во Кочани

Проширена истрагата за трагедијата во Кочани, осомничени нови 10 полициски службеници

16.04.2025 17:58

Проширена истрагата за трагедијата во Кочани, осомничени нови 10 полициски службеници. МВР им поднесе кривична пријава, судот мерка на претпазливост. Помина еден месец од страшниот пожар кој загинаа 61 лице...

Под истрага сè уште десет полициски службеници. Јавниот обвинител, на судијата на претходна постапка при Основен кривичен суд Скопје предлага на седуммина осомничени да им определи мерки на претпазливост. Останатите тројца осомничени се обезбедени со претходната постапка. По еден сè уште се трага.

Се товарат дека во период од 10 години, како соизвршители, сториле кривично дело – Тешки дела против општата сигурност.

Претходно, беа приведени 7 полициски службеници и инспектори од штипската и кочанската полиција и добија по 30 дена мерка притвор.

Во Кривичниот суд во Кочани се разгледуваат жалбите од претпоследното апсење на 19-мината осомничени за пожарот во дискотеката, од кои 4 во затворски притвор, 6 куќен, и 9 со мерки на претпазливост.

Досега за тешки дела против општата сигурност се осомничени вкупно 52 физички и 3 правни лица. Во пожарот во дискотеката „Пулс“ на 16-ти март загинаа 59 лица, а уште двајца повредени подоцна им подлегнаа на повредите. Повредени беа околу 200 лица.

Марина Стојанова-Тонева