Неколку држави се понудиле бесплатна долготрајна рехабилитација на повредените во кочанската дискотека
За 20-ина од повредените во пожарот во кочанската дискотека ќе биде потребна подолготрајна рехабилитација. Неколку држави се понудиле за бесплатна долготрајна рехабилитација.

За 20-ина од повредените во пожарот во кочанската дискотека ќе биде потребна подолготрајна рехабилитација. Кај дел од нив, процесот на заздравување може да трае и до две години.
Експерти од Велика Британија направиле евалуација и утврдиле дека рехабилитацијата ќе трае од еден до 24 месеци.
Неколку држави се понудиле за бесплатна долготрајна рехабилитација. Сепак, деталите ќе бидат објавени за десетина дена.
Од 47 повредени кои во моментов се лекуваат во болниците во Скопје и во странство, само еден е во критична состојба, кај другиот има подобрување. Еден, пак, утре ќе се врати од лекување во странство.
