Сад

Гувернерот на Калифорнија најави тужба против Трамп за царините

17.04.2025 08:55

Гувернерот обвини дека тарифите создаваат економски хаос и ги загрозуваат работните места...

Американската сојузна држава Калифорнија ќе го тужи претседателот Трамп поради новите царини за увоз на стоки од целиот свет. Гувернерот обвини дека тарифите создаваат економски хаос и ги загрозуваат работните места.
 

„Во крајна сметка, Трамп ја нема единствената моќ радикално да го наруши економскиот пејзаж на земјата. Не функционира така нашата демократија. Трамп може да ги бара овие тарифи и да испраќа пораки до нашите меѓународни партнери, но Американците се тие што го носат товарот“, изјави Гевин Њусом, гувернер на Калифорнија.

Демократот исто така нагласи дека поради робусната и разновидна економија на Калифорнија, државата ќе биде несразмерно погодена од високите давачки. Тужбата се заснова на тврдењата дека уредбата на Трамп за воведување тарифи за Мексико, Канада и Кина или царина од 10% за целиот увоз е незаконска.