Продолжуваат протестите и блокадите во Србија, денес прва седница на новата влада
Четврти ден како е блокирана РТС. Загрозена е програмата. Денес прва седница ќе одржи новата срспка влада на Ѓуро Мацут...

РТС четврти ден е блокирана од сите страни, како и студијата во Кошутњак од страна на студентите во блокада и граѓани. Тие бараат нови членови на РЕМ. Утринава не е емитувана утринската програма, а со проблеми се одвиваат програмските содржини на РТС.
Паралелно денес се одржува првата седница на новата влада, а премиерот Ѓуро Мацут утринава ја презеде должноста од досегашниот премиер Милош Вучевиќ, кој остана да биде лидер на владејачката СНС.
Водечките министри-Дачиќ, Синиша Мали, Глишиќ, Ѓуриќ Стаменковска од Заветници, Ненад Поповиќ ги задржаа истите министерски места додека нови министри се професорот Дејан Вук Станковиќ во образованието, Александар Софрониевиќ во градежништвото, Ненад Вујиќ во правда, Драган Гламочиќ во земјоделието, Борис Братина за информирање.
Протестите и блокадите продолжуваат во цела Србија, со 6-те барања, а вчера претседателот Александар Вучиќ презентираше извештај на руската тајна служба дека на 15-ти март за студентските демонстрации не е употребен звучен топ.
Оливер Бранковиќ, дописник од Белград за МРТ
