Македонија

Обжалена пресудата за сообраќајката во Тетово

17.04.2025 13:15

Тетовското обвинителство бара построга казна за Пајазити, кој смртно ја прегази 23- годишната Теодора...

Тетовското обвинителство смета дека изречената двегодишна затворска казна за обвинетиот Менсур Пајазити е преблага со оглед на тоа дека предизвика сообраќајка во која ја усмрти 23- годишната Теодора Ристовска. Во жалбата до повисокиот суд, Обвинителството бара на Пајазити да му се изрече построга казна, бидејќи девојката се здобила со тешки повреди поради кои починала.

Во соопштението до медиумите се наведува и тоа дека тетовското обвинителство го зело предвид мислењето на Судскиот совет, но и барањето на семејството на обвинетиот да му се изрече построга санкција.

Овој случај беше актуелен минатата недела, токму поради тоа што вишата обвинителката Вјолца Елмази пред Апелацискиот суд во Гостивар побарала на обвинетиот да му се уважи делумно жалбата, но не очекувала дека ќе биде изречена толку ниска, односно преполовена, бидејќи во прв степен обвинетиот доби три и пол години затвор, но апелација изврши корекција и го санкционираше со две години робија. Сега обвинителството појаснува дека всушност не се согласни со двегодишната казна и сметаат дека сепак има простор за корекција, со оглед јавниот интерес и на зачестениот број на сообраќајни несреќи со жртви. Затоа и бараат повисока казна.

Сега на потег ќе биде Апелацискиот суд во Гостивар, кој ќе треба да закаже рочиште за вкрстување на аргументите и да донесе пресуда за овој случај.

Анита Димитријевска – Велковска