МВР
Претрес во Куманово, пронајдено оружје, приведено едно лице
18.04.2025 13:01
Вчера во 06.15 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.В.(21) од Куманово, информираат од МВР...

Вчера во 06.15 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.В.(21) од Куманово, информираат од МВР.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени воздушна пушка калибар 5.5, воздушна пушка калибар 4.5, куршум од 9 мм, една кутија дијаболи, пиштол „екол“ калибар 4.5 и пиротехнички средства.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, стои во соопштението.
