Временска прогноза
Сончево и топло време, со мала до умерена облачност
20.04.2025 08:29
Во земјава ќе преовладува сончево и топло време, со мала до умерена облачност...

Денеска во земјава ќе преовладува сончево и топло време, со мала до умерена облачност. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната од 20 до 26 степени.
И во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
