Политичките лидери со честитки до верниците
Собранискиот спикер Гаши побара да градиме мостови на разбирање, бидејќи меѓусебното почитување, солидарноста и човечката добрина се суштински за напредокот на секое општество. Премиерот Мицкоски повика воскресението да биде водилка во заедничките напори за изградба на праведно и хумано општество. Филипче вели дека овој празник дава сила и надеж за справување со предизвиците...

Политичките лидери со честитки до верниците. Собранискиот спикер Гаши побара да градиме мостови на разбирање, бидејќи меѓусебното почитување, солидарноста и човечката добрина се суштински за напредокот на секое општество. Премиерот Мицкоски повика воскресението да биде водилка во заедничките напори за изградба на праведно и хумано општество.
„Живееме во тешки времиња на предизвици и искушенија, сите заедно мора да работиме за напредокот и благосостојбата на секој човек. Патот не е воопшто лесен, но цврсто и непоколебливо сум решен заедно да го изодиме до целта. Заедно да ги менуваме работите, да се бориме против несигурноста, против ударите кои треба да не поколебаат, и да застанеме позади вредностите во кои веруваме“, вели премиерот во празничната честитка.
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче вели дека овој празник дава сила и надеж за справување со предизвиците – секој од нас во себе има сила да придонесе да ја направи оваа земја подобра, а заедно можеме да постигнеме многу, истакна Филипче.
