Светски ден на планетата земја: Тројно да се зголеми производството на струја од обновливи извори до 2030-та
Тројно да се зголеми производството на струја од обновливи извори до 2030 – та година на светско ниво, но не по секоја цена. Да не се експлоатира обработливото земјиште и заштитените подрачја за новите технологии. Порака на Светскиот ден на планетата земја. Планетата се соочува со климатска криза. Климатските промени носат екстреми. висока температура во зима, ниска напролет...

Тројно да се зголеми производството на струја од обновливи извори до 2030 – та година на светско ниво, но не по секоја цена. Да не се експлоатира обработливото земјиште и заштитените подрачја за новите технологии. Порака на Светскиот ден на планетата земја. Македонија има капацитет, сонцето и ветерот ги користи за енергетски цели забрзано во последните пет години, но многу бавно се реализира во планот за етапно затворање на термоелектраните на јаглен. А двата процеси кои треба да се одвиваат паралелно, велат екоактивистите.
„Имаме инсталирано на државно земјиште само 20 мегавати фотоволтаична електрана на рудникот Осломеј. Во фаза на изработка е и фотоволтаичната Битола 1 и фотоволтаичната Осломеј 2, зборуваме за плановите на државата, не за приватни. Но, имаме потенцијал да изработуваме многу повеќе електрична енергија од сонцето. Но не на обработлива почва, таа ќе ни треба за производство на храна и не на заштитени подрачја“, вели Елена Николовска од „Еко-свест“.
Несовесното однесување кон животната средина се одразуваат на климатските промени, атакува врз животот на луѓето. Температурата ќе продолжи да расте во наредните години – прогнозираат климатолозите.
„Температурата на воздухот би требало да се зголеми за околу еден степен, но загрижувачкото сценарио кое до 2.100 година не очекува зголемување на температурата до пет степени. Особено во летниот период, најизразени и најранливи би биле планинските предели“, истакна Александра Стевков, климатолог во УХМР.
Планетата се соочува со климатска криза, многу се зборува за предизвиците поврзани со промените. Но тоа не е доволно доколку ништо не се преземе ниво.
Климатските промени носат екстреми, ненадејни поројни дождови, висока температура во зима, ниска напролет. Ефектите имаат сериозно негативно влијание како врз човековото здравје и биоритам, така и врз земјоделските посеви.
Андријана Ѓурческа
