Премиерот ќе одлучи дали АА ќе излезе од Влада, вели Таравари
Дали партијата на Таравари ќе остане во Владата откако ја напушти коалицијата „Вреди“? Финалниот збор го има премиерот Мицкоски...

Според лидерот на Алијанса за Албанците единствено за тоа може да одлучи тој што ја формира владата. Таравари потврди дека разговарал со премиерот, но не открива детали. Тет-а-тет средбата Мицкоски-Таравари се најавува по 1-ви мај.
Освен со Таравари, Мицкоски треба да се сретне и со другите коалициски партнери. Според министерот за здравство, Алијанса за Албанците ѝ е потребна на Владата. Ги искара неговите довчерашни коалициски партнери дека треба да бидат внимателни во изјавите.
Прашањето за местото на Таравари во владата се отвори по несогласувањата со другите партнери во коалицијата вреди, односно по одлуката партијата на Таравари да оди со свои листи за советници на претстојните локални избори. И тие како и вреди и знам очекуваат поддршка за нивните кандидати за градоначалници од коалицискиот партнер ВМРО-ДПМНЕ.
Веќе се крчка припојување на партиите од коалицијата „Влен“ во една партија. Како единствен кандидат за лидер се спомнува името на вицепремиерот и министер за животна средина, Меџити.
Викторија Милевска