Исплата на платите во култура, опозицијата бара одговорност
Извршена е исплата на платите во културата. Опозицијата побара одговорност за доцнењето, власта подготвена да преговара за нов колективен договор...

Околу 3.000 културни работници од 120 институции ја добија мартовската плата согласно колективниот договор. Социјалниот дијалог со синдикатот ќе продолжи до изнаоѓање долгорочно решение за стабилност на културните институции – уверува Министерството за култура и туризам.
По протестот, ова прашање се актуализираше и во Собранието. Премиерот Мицкоски рече дека и покрај тоа што колективниот договор во културата е со истечена важност и не добил согласност од тогашниот министер за финансии, сепак, платите се исплатени со зголемувањето.
Од СДСМ бараат одговорност за еднонеделното доцнење на платите. Оттаму ја повикаа трудовата инспекција да изврши надзор.
Претходно, од СОНК го повикаа Љутков на средба за идните чекор за да не се случи штрајк на вработените.
Александра Велинова
