Локална Самоуправа

17 општини сè уште не аплицирале за поддршка на инфраструктурни проекти

24.04.2025 16:36

Досега се пристигнати 450 проекти од 63 општини за поддршка на инфраструктурни проекти. Станува збор за вториот јавен повик. 17 општини досега не аплицирале …

Битола, Струга, Чаир, Сарај, Центар, Чаир, се меѓу седумнаесетте општини кои не аплицирале за проекти за модернизација. Министерот за локална самоуправа Перински потсети дека рокот истекува за помалку од една недела. На вториот јавен повик за поддршка на инфраструктурни проекти стасале 450 апликации од 63 општини. Перински апелира до градоначалниците да ја искористат шансата и парите, за да го решат големиот број на проблеми со кои се соочуваат граѓаните.

Меѓу проектите за кои ќе се користат парите се за изградба и модернизација на патишта, водоводи, инфраструктурни проекти, спортски објекти.

И од првиот, а сега и од вториот јавен повик, најголем интерес имало за подобрување на патната инфраструктура, односно од 288 проекти 225 се за оваа намена. Има и апликации за подобрување на животната средина, како и за изградба на училишта и градинки.

 

Борис Грујоски