Истекува мерката за ограничени маржи на производите
На крајот на месецов истекува мерката за ограничени маржи на производите. Беа опфатени 102 групи производи. Од Министерството за економија велат, мерката донесе ефекти, но и казни и затворања на објекти.

Уште една недела ограничување на профитните маржи на производите во маркетите. Мерката за ограничени маржи на 5, 10, 15 проценти даде ефекти во заштитата на животниот стандард на граѓаните и контролата на трговците со цените, сметаат од Министерството за економија и труд
Ограничувањата на маржите почна на 20-ти февруари.
Мерката донесе преку 600 инспекциски контроли во трговијата на големо и на мало. Беа затворени осум објекти, претежно увозници на овошје и на зеленчук. Казните собраа преку 3 милиона денари. Од однесувањето на трговците, ќе зависат идните мерки за заштита на стандардот на граѓаните.
Елизабета Митреска