Македонија

Еврејската заедница го одбележува Националниот комеморативен ден на холокаустот

24.04.2025 15:53

Во земјава одбележан Јом Хашоа – Национален комеморативен ден на холокаустот...

Ден на сеќавање на холокаустот, кога Израел и Евреите им оддаваат почит на 6 милионите жртви за време на Втората светска војна. Претседателот на еврејската заедница вели, сè уште не е научена лекцијата од Втората светска војна. Според него, блокирањето на земјава на патот кон Европска унија, под закрила на човекови права не претставува ништо друго освен будење на стари сништа и враќање во историјата.

Со палење на шест меморијални свеќи и отворање на изложбата „Холокаустот низ призмата на детските очи“ одбележан Националниот ден на сеќавање.

„Кога и да помислам на Аушвиц, нешто што веднаш ми паѓа на ум е реченицата на еден од преживеаните кој рекол дека постои само едно нешто полошо од Аушвиц, а тоа е ако светот заборави дека постоело такво место. Иницијативи како што е изложбата, ќе помогнат во тоа светот никогаш да не заборави“, изјави Мариуш Бримора - амбасадор на Полска во Македонија.

Македонија не ги заборава своите 7 илјади 144 убиени евреи.

Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија е отворен на 11 март 2011 година.

 

Ана Јосифоска