Македонија

Кривичниот суд го одобри обвинителниот акт против Васил Јованов, возачот кој ја усмрти Фросина Кулакова

25.04.2025 10:03

Формиран е кривичен предмет, кој ќе биде распределен на понатамошно судење согласно АКМИС-системот...

Советот за оценка на обвинителниот акт, го одобри обвинението против осомничениот Васил Јованов за кривичното дело тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, поврзан со сообраќајката од крајот на јануари годинава на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, во која животот го загуби 22-годишната Фросина Кулакова од Неготино.

Формиран е кривичен предмет, кој ќе биде распределен на понатамошно судење согласно АКМИС-системот. Кога ќе биде определен термин за главна расправа, странките и јавноста ќе бидат известени, информираа од Кривичниот суд.