МВР

Приведен грчки државјанин на Граничен премин Табановце, во неговото возило биле пронајдени пиротехнички средства

25.04.2025 10:42

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде биде поднесена соодветна пријава...

Вчеравечер околу 23.30 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода Н.К.(29) од Република Грција затоа што при гранична контрола и преглед во возилото со германски национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени повеќе разновидни пиротехнички средства.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.