МВР

Приведени двајца крадци во Велес, одземеното е пронајдено и вратено на сопственичката

25.04.2025 12:23

Предметите се пронајдени и вратени на сопственичката...

Вчера во 00.40 часот и 02.20 часот, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода Б.Ј.(44) и Љ.Т.(42), двајцата од Велес, поради основи на сомнение дека од домот на 53-годишна велешанка одзеле повеќе предмети, соопштија од МВР.

Предметите се пронајдени и вратени на сопственичката. Известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението.

 

Фото: МВР