Семејствата на загинатите во трагедијата во Кочани повторно на протест
И оваа сабота улиците во центарот на Кочани беа исполнети со нема протестна поворка, со бројни родители кои со фотографии од децата бараат правда за нив...

И оваа сабота улиците во центарот на Кочани беа исполнети со нема протестна поворка, со бројни родители кои со фотографии од децата бараат правда за нив.
Од Обвинителството информираат дека испитувањето на оштетените во пожарот во Кочани се планира на почетокот на мај. Во зависност од здравствената состојба на повредените, тие навремено ќе бидат известени за остварување на нивните права и за вклучување во постапката со нивно испитување.
Истрагата за трагедијата во Кочани сè уште е во тек, до сега осомничени се 68 физички и правни лица, а листата на осомничени е проширена со нови двајца инспектори и командир од Полициската станица во Кочани.
Славица Величковска
