Црниот биланс по експлозијата во „Шахид Разаи“ достигна десетици загинати и стотици повредени
Црниот биланс по стравотната експлозија во „Шахид Разаи“ достигна десетици загинати и стотици повредени. Се стравува дека бројот на загинати и натаму ќе се зголемува, бидејќи голем број луѓе сè уште се наоѓаат под урнатините. Хеликоптери и авиони во изминатата ноќ се бореа со стравотниот пожар. Ударот од експлозијата бил толку моќен што предизвикал голема материјална штета и на околните објекти и инфраструктурата. Училиштата и фирмите се затворени, а здравствените власти апелираат до граѓаните да не излегуваат од своите домови.

Густ чад и натаму се издига над пристаништен град Бандер Абас во Иран. Црниот биланс по стравотната експлозија во „Шахид Разаи“ достигна десетици загинати и стотици повредени. Се стравува дека бројот на загинати и натаму ќе се зголемува, бидејќи голем број луѓе сè уште се наоѓаат под урнатините. Хеликоптери и авиони во изминатата ноќ се бореа со стравотниот пожар. Ударот од експлозијата бил толку моќен што предизвикал голема материјална штета и на околните објекти и инфраструктурата. Училиштата и фирмите се затворени, а здравствените власти апелираат до граѓаните да не излегуваат од своите домови. Доколку тоа го сторат да носат заштитни маски. Очевидци сведочат за преживеаниот ужас во катастрофата.
„Слушнав огромна експлозија, беше многу гласна. Потоа видов дека дојде до пожар. Можете да видите колку е оштетен автомобилот. Покривите и шофершајбните на сите автомобили беа скршени“, изјави очевидец.
„Кога излегов од зградата видов огромен пожар. Потоа се слушна силниот звук на експлозијата и дојде до бран експлозии. Сите стакла и фасадни камења од зградата паднаа“, изјави друг.
„Целиот магацин беше исполнет со чад, прашина и со пепел. Не се сеќавам дали отидов под масата или бев исфрлен таму поради експлозијата“, рече друг очевидец.
По неколку часовен молк на иранските власти, претседател Масуд Пазешкијан нареди итна истрага за утврдување на причините за катастрофата. Изрази сочувство за настраданите во експлозијата.
„Дадени се потребните наредби до министерот за здравство и другите функционери. Тие ги следат проблемите и интензивно работат на нивно решение. Се надевам сè ќе се реши што е можно поскоро“, изјави Пазешкијан.
Се претпоставува дека несреќата најверојатно е предизвикана од пожар во складиште со опасни хемиски супстанции. Дел од светските медиуми, јавуваат дека експлозијата е предизвикана од натриум перхлорат – состојка која е составен дел на цврсто гориво за производство на ракети. Инцидентот се случи додека во Оман течеше третата рунда разговори меѓу американската и иранската делегација за нуклеарното прашање на Техеран.
Маја Стојанова
