Трамп: Зеленски сака да склучи договор
Трамп тврди оти Зеленски побарал повеќе оружје и подготвен е да се откаже од Крим. Изрази разочарување во однос на руските напади врз Украина по дискусиите...

Шефот на Белата куќа вели дека украинскиот претседател сака да склучи мировен договор со Русија. Трамп тврди оти Зеленски побарал повеќе оружје и подготвен е да се откаже од Крим. Изрази разочарување во однос на руските напади врз Украина по дискусиите. Изјавата следува по историската средба за време на погребот на папата Франциск. Претходно, државниот секретар Рубио рече дека неделава ќе биде многу критична во обидот да се стави крај на војната.
„Му треба повеќе оружје, но тоа го зборува три години и ќе видиме што ќе се случи. Сакам да видам што ќе се случи со Русија затоа што Русија, јас бев изненаден и разочаран, многу разочаран што бомбардираа места по дискусии“, изјави Доналд Трамп, претседател на САД.
Првиот руски дипломат вели дека Москва не добила понуда да им дозволи на сад да управуваат со нуклеарната централа Запорожје. Лавров рече дека централата е управувана од руската државна компанија за нуклеарна енергија и е во безбедни раце.
„Никогаш не добивме таква понуда, а ако добиеме, ќе објасниме дека централата, нуклеарната централа Запорожје, ја води државната корпорација на руската федерација наречена Росатом. Таа е под мониторинг на персоналот на Меѓународната агенција за атомска енергија“, изјави Сергеј Лавров, министер за надворешни работи на Русија.
Украинскиот претседател изјави дека Русија се обидува да ги измами САД и другите земји и дополнително да ја продолжи војната. Во истовреме, Северна Кореја за прв пат потврди дека испратила војници да се борат за Русија во војната со Украина по наредба на лидерот Ким Џонг-Ун.
