Блиски Исток

Разговорите за прекин на огнот во Газа продолжуваат

28.04.2025 08:33

Хамас во саботата соопшти дека испратил делегација на високо ниво во Каиро за да се обиде да го врати на вистинскиот пат примирјето...

Прекинот на огнот во Газа се соочува со пречки, но напорите продолжуваат, изјави премиерот на Катар. Хамас во саботата соопшти дека испратил делегација на високо ниво во Каиро за да се обиде да го врати на вистинскиот пат примирјето.

„Хамас е подготвен да ги врати сите заложници во замена за број на затвореници, но со услови што веројатно Израел не ги прифаќа, а Израел се фокусира на заложниците без јасен крај на војната. Затоа, кога немате заедничка цел меѓу страните, верувам дека можностите стануваат многу тенки. Но, ние се обидуваме да притиснеме, даваме се од себе“, изјави Шеик Мохамед бин Абдулрахман ал Тани, премиер на Катар.

Во меѓувреме, бунтовниците Хути соопштија дека во американските воздушни напади врз главниот град на Јемен загинале најмалку осум лица во текот на ноќта. Американската војска призна дека извршила над 800 индивидуални напади во својата месечна кампања.