Нетанјаху повика да се постигне договор меѓу Иран и САД
Израелскиот премиер Нетанјаху повика да се постигне договор меѓу Иран и САД со кој ќе се отстрани капацитетот на Техеран за збогатување ураниум...

Израелскиот премиер Нетанјаху повика да се постигне договор меѓу Иран и САД со кој ќе се отстрани капацитетот на Техеран за збогатување ураниум.
„Вистинскиот договор што функционира е договор кој го отстранува капацитетот на Иран да збогатува ураниум за нуклеарно оружје. Откако ќе го имаат оружјето за испорака – балистички ракети, интерконтинентални балистички ракети – тие ќе го загрозат секој град во соединетите држави. Тоа е опиплива опасност за Израел и за слободниот свет и мора да се спречи. Начинот да се спречи тоа е да се уништи целата инфраструктура на иранската нуклеарна програма. Тоа е договор со кој би можеле да живееме. Се што е помалку од тоа може да ви донесе спротивен резултат“, изјави Бенјамин Нетанјаху, премиер на Израел.
Коментарите следуваат откако Иран и соединетите држави одржаа преговори во Оман за брзо напредувачката нуклеарна програма на Техеран, завршувајќи ги дискусиите со ветување за повеќе разговори и можеби уште една средба на високо ниво следниот викенд.
