Свет

Вонредни парламентарни избори во Канада

28.04.2025 08:43

Изборите беа распишани од Карни како итна потреба од силен мандат за да се спротивстави, како што тврди, на директната закана од американскиот Трамп...

  1.  

Во Канада се одржуваат вонредни парламентарни избори, а анкетите покажуваат дека либералната партија на новоизбраниот премиер Марк Карни има мала предност пред конзервативците на чело со Пјер Полиев. Изборите беа распишани од Карни како итна потреба од силен мандат за да се спротивстави, како што тврди, на директната закана од американскиот Трамп.

Односите меѓу Канада и САД нагло се влошија откако Трамп воведе царини за канадски стоки и предложи анексија на Канада како 51-ва држава. Изборите во сенка на нападот со автомобил во кој, 30 годишен маж влета во толпа луѓе на улична забава во Ванкувер.

Во нападот на фестивал на кој се слави филипинската култура загинаа 11 лица.