Ватикан
Кардиналите на состанок во Ватикан за утврдување на датумот за почеток на конклавата
28.04.2025 11:49
Во Ватикан на петта Генерална конгрегација по смртта на папата Франциск. На состанокот се утврдува датумот за почеток на конклавата, на која ќе се избира новиот папа...

Кардиналите во Ватикан на петта Генерална конгрегација по смртта на папата Франциск. На состанокот се утврдува датумот за почеток на конклавата, на која ќе се избира новиот папа.
Според проценките таа би можела да почне на 5 или 6 мај, веднаш по завршувањето на деветте дена официјална жалост. Право на глас во конклавата имаат 135 кардинали кои се помлади од 80 години, од вкупно 252 колку што брои Колегиумот на кардинали.
Поголемиот дел од кардиналите-избирачи се релативно млади и за многумина ова ќе биде прв конклава. Помалку од половина од гласачите доаѓаат од Европа.
