Ватикан

Конклавата за избор на новиот папа ќе почне на 7 мај

28.04.2025 14:57

Датумот одреден на затворениот состанок на кардиналите во Ватикан, прв по погребот на папата Франциско...

Конклавата за избор на новиот поглавар на римокатоличката црква ќе почне на 7-ми мај. Датумот одреден на затворениот состанок на кардиналите во Ватикан, прв по погребот на папата Франциско.

Новиот папа ќе биде избран со двотретинско мнозинство гласови од 135 кардинали помлади од 80 години, од вкупно 252 колку што брои колегиумот на кардинали. Поголемиот дел од кардиналите-избирачи се релативно млади и за многумина ова ќе биде прв конклава. Помалку од половина од гласачите доаѓаат од Европа.