Со чистење на скопскиот Аквадукт, почна тридневната еколошка акција „Генералка викенд“
Почна „Генералка-викенд“. Повеќе од 20 илјади волонтери во следниве три дена ја чистат Македонија од отпад. Акцијата се одвива на повеќе од 500 локации. Првата, скопскиот Аквадукт…

Повеќе од 20.000 волонтери ќе ја исчистат Македонија на најмасовниот еколошки настан на балканот, генералка викенд. Волонтерски настан од граѓаните за граѓаните. По петти пат се случува најголемата акција за собирање отпад.
Ќе се чисти на 500 локации во сите општини во земјава, со вклучени над 600 организации. На скопскиот Аквадукт над 200 волонтери го чистеа овој исклучително важен историски споменик.
Младите се иднината на државата и мораме од најмала возраст да ги поттикнуваме на одговорност кон околината, да им ги намалиме можните предизвици и ризици со кои во иднина би се соочувале, а тоа е загадениот воздух, загадената почва и вода кои влијаат на човечкото здравје, порака од надлежните.
Во изминативе четири години беа собрани еден милион килограми отпад за време на „Генералка викенд“, а беа исчистени повеќе од 1.000 локации и засадени над 120.000 дрвја.
Александра Спировска
