Куманово

Десет години од „Диво Насеље“

09.05.2025 17:54

Десет години од случувањата во „Диво Насеље“, кога загинаа осум припадници на полицијата. На загинатите херои им се одаде почит со панихида и положување свежо цвеќе. Бранителите на став неопходна е изградба на спомен обележје …

Десет години од вооружената престрелка во „Диво Насеље“, кога загинаа осум припадници на македонската полиција, а 37 беа повредени. Единствено што сè уште потсетува на случувањата од 9-ти и 10-ти мај 2015-та година, се останатоците од шрапнелите на една од куќите. Останатите веднаш беа обновени. Но кумановци не го забораваат утрото, кога се разбудија со звуците на пукотниците и сирените. Пораката е никогаш да не се повтори.

Со панихида во соборниот храм „Свети Никола“ и пред спомен плочата во кумановската полиција, се одаде почит на настраданите херои.

Бранителите од здружението СИЛА со забелешки. Неопходно поставување позначајно спомен обележје.

„Мислам дека градот треба да направи нешто во соработка со државните институции, за нешто што ќе остане за векови, бидејќи овој настан е веќе во историја“, истакна Антонио Станковски, бранител од здружение СИЛА.

Побараа и помасовност на настаните.

Во престрелките животот го загубија осум припадници на македонските безбедносни сили. Тие посмртно беа одликувани со медал за храброст.

Елена Георгиевска