Со измените на Законот за локална самоуправа, се враќа можноста за референдумско отповикување градоначалник
Градоначалниците повеќе нема да бидат неменлива категорија. За нивно отповикување ќе се гласа на референдум. Ова се дел од измените и дополнувањата на Законот за локална самоуправа...

Градоначалниците повеќе нема да бидат неменлива категорија. За нивно отповикување ќе се гласа на референдум, но доколку тоа го побараат 20 проценти од граѓаните што живеат во една општина. Ова се дел од измените и дополнувањата на Законот за локална самоуправа, кои пред народните избраници ги образложи ресорниот министер Перински.
Советот ќе го распише референдумот, а за тој да биде успешен потребни се гласовите на над една третина од впишаните избирачи во општината.
Пратениците од ЗНАМ и „Вреди“ со поддршка за законските измени. Сметаат дека градоначалниците повеќе нема да можат да владејат како апсолутни монарси, посочувајќи го примерот со Рамиз Мерко.
Дел од измените е и воведување на комунални инспектори, на главен градски архитект, задолжителна дигитализација, фискална децентрализација. Законот нема да ги опфати сегашните, туку градоначалниците кои ќе бидат избрани на есенските локални избори.
Викторија Милевска
