Тошковски и Дачиќ потпишаа договор за „One Stop“ систем, имплементација пред летната сезона
Македонија и Србија потпишаа договор за заедничка контрола „One Stop“ контрола на граничниот премин Табановце-Прешево...

Министрите за внатрешни работи Панче Тошовски и Ивица Дачиќ денес во Белград потпишаа договор според кој Македонија и Србија до почетокот на летната сезона на преминот Табановце-Прешево ќе стартуваат со заедничка контрола на патници, стоки и услуги.
„Од делот кај вели-Со имплементација на Оне стоп шоп очекуваме за дупло да се зголеми трансферот на луѓе, со тоа што по целосното ратификација, тест фаза, до почетокот на летната сезона официјално се надеваме да го ставиме во функција“, изјави Панче Тошковски Министер за внатрешни работи.
Целта на воспоставувањето на Оне-стоп-контрола на овој премин е поедноставување на граничната контрола и полесен премин на границата.
„На овој премин воспоставуваме нов процес на работа, за поедноставување на комплетна процедура на граничната контрола, така што полициски службеници на земјата домаќин ќе се овластат да покрај влезната гранична контрола на својата земја ја извршуваат и излезната гранична контрола на соседната земја со што воспоставуваме Оне-стоп-контрола систем што значи едно место за контрола. Секоја држава го задржува правото доколку има потреба одредени патници посебно да ги провери“, изјави Ивица Дачиќ-министер за внатрешни работи на Р. Србија.
На средбата е договорено продолжување на соработката летово за размена на полициски службеници во Охрид и во двете држави, а констатирана е добрата соработка во борбата против ирегуларната миграција кој во првите 4 месеци годинава е намалена за 40 отсто.
Србија и Македонија се подготвени за соработка и кога се во прашање вонредните ситуации како и досега.
Од Белград за МТВ, Оливер Бранковиќ
