Македонија
Меџити на отпочнување на реконструкцијата и проширувањето на водоводната мрежа во тетовска Вонвардарска
14.05.2025 08:12
Инвестицијата е дел од проектите финансирани преку потпрограмата АА – Инфраструктурни проекти во општините за 2024 година од страна на Владата на Република Северна Македонија...

Денеска во Тетово, првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити ќе присуствува на отпочнување на реконструкцијата и проширувањето на примарната водоводна мрежа во населбата Вонвардарска во должина од 2600 метри, инвестиција од над 15 милиони денари.
Инвестицијата е дел од проектите финансирани преку потпрограмата АА – Инфраструктурни проекти во општините за 2024 година од страна на Владата на Република Северна Македонија.
