инфраструктура

Голем дел од парите од стратешкиот договор со Велика Британија, предвиден и за проекти во помалите градови

20.05.2025 19:00

Голем дел од колачот од стратешкиот договор со Велика Британија е предвиден и за проекти во помалите градови. Нов договор со европска држава, најави премиерот Мицкоски од Делчево...

Нов договор со европска држава, најави премиерот Мицкоски од Делчево. Во фокусот е реализацијата на странски инвестиции на цела територија на државата. Се преговара со седум инвеститори и се нудат сите технолошко-развојни зони. До крајот на месецов ќе бидат познати деталите.

Важно е да се гради во интерес на граѓаните независно од која политичка партија се градоначалниците на општините – порача премиерот и изрази жалење што не присуствуваше и градоначалникот на Делчево. Со првиот повик оваа општини има владини поддршка од 37 милиони денари, а со вториот повик од над 115 милиони денари. Дел од инфраструктурните проекти се реализирани, а дел допрва ќе се реализираат.

По објавата на пресметката на ССМ на потрошувачката кошничка за мај која е за 1.200 поскапа, премиерот вели дека содржи производи кои не се дел од основната потрошувачка, но ќе се прават анализи дали има потреба од повторно активирање на мерките.

 

Александра Велинова