МВР
Приведен возач од демирхисарско, возел со 3,43 промили алкохол во крвта
29.05.2025 18:27
Вчера во 19 часот на патот Битола-Демир Хисар полициски службеници од ОВР Демир Хисар го лишиле од слобода В.Р. (49) од с. Обедник, демирхисарско...

Вчера во 19 часот на патот Битола-Демир Хисар полициски службеници од ОВР Демир Хисар го лишиле од слобода В.Р. (49) од с. Обедник, демирхисарско, информираат од МВР.
При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „ауди“ со демирхисарски регистарски ознаки, кое го управувал В.Р. и по преземени мерки констатирано е дека бил под дејство на алкохол, односно измерени му се 3,43 промили алкохол во крвта. В.Р. е исклучен од сообраќај.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од КЗ, стои во соопштението.
