Локални избори

Дел од партиите почнаа со објавување на кандидатите за градоначалници на локалните избори

29.05.2025 16:31

Иако сè уште сме пролет, извесно е дека пред нас е жешко политичко лето, а секако и жешка политичка есен. Причината за ова е што годинава имаме локални избори, кои ќе бидат тест и за власта и за опозицијата. Дел од партиите почнаа со објавување на кандидатите...

Полека се откриваат кандидати за градоначалници на локалните избори наесен. Владејачката ВМРО-ДПМНЕ објави 25 имиња. Повеќето повторно ќе ја трчаат трката, како во Охрид, Штип, Кавадарци, Велес, Битола. Од скопските општини довербата на партијата повторно да бидат кандидирани ја добија актуелните градоначалници на Бутел, Ѓорче Петров, Аеродром, плус оние од Петровец и Илинден.

Од опозициската СДСМ засега потврдија дека довербата повторно да бидат градоначалници ја добиле, градоначалникот на центар Горан Герасимовски, на Крушево Томе Христоски.

За Скопје сè уште не се пресечено, засега, битката во ВМРО-ДПМНЕ е меѓу Перински и Ѓеоргиевски, но не се исклучува можноста да им се приклучи и трет потенцијален кандидат. Кај СДСМ, фаворит е професорот Мишко Ралев.

Партиите прават анкетите за да го опипаат пулсот на граѓаните.

 

Ирина Гелевска