Почна судењето за „Адитив“
Во големата судница во затворот „Идризово“, почна судењето за случајот „Адитив“ за злоупотреби при јавни набавки и перење пари во енергетскиот сектор. Има над 30 обвинети, меѓу кои и екс-директори на ЕСМ. Обвинителството тврди дека има цврсти докази оти набавениот адитив бил штетен за здравјето на граѓаните, обвинетите не чувствуваат вина...

Над 30 обвинети во случајот „Адитив“ седнаа на обвинителна клупа. Во отсуство ќе му се суди на поранешниот директор Васко Ковачевски кој е во бегство, а на едно лице поради здравствени причини, ќе му се суди во одвоена постапка.
Сите се изјаснија за невини, но Јавното обвинителство вели дека има докази со кои ќе докаже дека тие извршиле морално и системско уништување на ЕСМ. Наместо да го штитат енергетскиот систем на државата тие го користеле за лично богатење. Се товарат за неколку кривични дела. Злоупотреба на постапката за јавна набавка, перење пари, злосторничко здружување, со што според обвинителството му нанеле штета на буџетот од над 6 милиони евра.
Првото рочиште за случајот „Адитив“ се одржа во новата дигитална судница во близина на затворот Идризово, иако пуштена во употреба од 2020, таму последното рочиште е одржано пред 3 години. Директорот на управата за извршување санкции Пандов со повик до судиите да го искористат просторот изграден по европски.
Во случајот адитиви опфатени 31 правно и 5 физички лица. Адитивите биле набавени за потребите на РЕК Битола, а во ТЕЦ Неготино никогаш не биле искористени. Во случајот е опфатена и претседателката на ДКСК Димитровска, која ја товари дека оддавала службена тајна на еден од осомничените. Истрагата е во тек се анализираат голем број електронски податоци.
Викторија Милевска
