Актуелните состојби во акумулацијата „Стрежево“ влеваат страв кај земјоделците за стабилна наводнувачка сезона
Во акумулација „Стрежево, има акумулирано околу 70 милиони метри кубни или близу 60 посто од инсталираниот капацитет. Скоро половината од овие сегашни количини отпаѓаат на вода за биолошки минимум, годишно снабдување на РЕК и индустријата како и вода за граѓанството стравот на земјоделците дека при поголеми сушни периоди ќе немаат стабилна наводнувачка сезона…

Доколку летово имаме пеколни температури, џабе ќе биди фактот што годинава имаме идеална пролетна сеидба со целосно исполнет сеидбен план, велат пелагониските земјоделци.
И покрај обилните врнежи од снег и дожд во стрежевската акумулација влегле околу 40 милиони кубни метри вода или со она малку што го имаше акумулацијата е исполнета околу 60 посто од вкупниот капацитет.
Ваквата состојба придонесе сончогледот како култура отпорна на суша со илјада хектари да биде повеќе застапена од пченката која опфаќа 5.000 хектари и важеше за стратешка. Земјоделците забележуваат и тоа што Стрежево сè уште не им склучува договори.
Изјава на неколкупати побаравме и од директорката на Јавното претпријатие „Стрежево“, Вера Бешлиовска. Но, во телефонските разговори рече, таа ќе одлучи кога ќе викне на прес-конференција и дали и кога ќе се склучуваат договори.
Земјоделците потсетуваат моменталната влага може да помогне до средината на јуни, а веќе се најавуваат и африкански топлотни бранови
Стевче Митревски
