Прилеп

Ефекти од Законот за работно ангажирање

31.05.2025 17:31

Собранието на 20-ти мај го изгласа законот за работно ангажирање на лица. Тој е различен од законот за работни односи. Ќе опфати 20-тина илјади млади, вработени, невработени и пензионери. Одгласите и кај граѓаните и кај работодавците се позитивни. За едните повеќе пари, за другите озаконување на неформалната економија.

Не е класично вработување, ама е дополнителен работен ангажман. Студентите ќе си ги зачуваат стипендиите, пензионерите примањата, ама и дополнително ќе заработат. Новиот закон за работно ангажирање, граѓаните со раширени раце го прифаќаат поради можноста за дополнителна заработувачка.

Селектирани се дејностите кои значат сезонска работа: угостителство, земјоделство, услужни дејности.

Работното ангажирање годишно ќе биде 120 до 180 денови, а месечно до 15 работни дена.

И од Прилепската стопанска комора со позитивен одговор на законските одредби. Главно е, велат, ќе се озакони неформалната, ќе се намали сивата економија.

Според проекциите, со законот за работно ангажирање лица ќе бидат опфатени околу 20.000 граѓани.

 

Елизабета Митреска