Битола

Падна кран врз објект во градба во битолската касарна

31.05.2025 16:03

Во кругот на старата касарна, на објект на кој имало работници, падна повеќеметарски кран и оштети дел од објектот...

Во кругот на старата касарна, на објект на кој имало работници, падна повеќеметарски кран и оштети дел од објектот. Околу 14 часот СВР Битола добила пријава за несреќата, во која првично било кажано дека има повредени работници.

На местото пристигнале и екипите на ТППЕ Битола како и екипите на брзата помош, но од таму велат дека на лице место не се затекнати повредени работници. Од Клиничка болница, велат дека ниту таму нема примени повредени работници.

Инспекторите вршат увид на терен, повеќе информации ќе споделат по завршувањето на увидот.

На местото на несреќата дојде и градоначалникот Коњановски.

 

Фото: Архива