Samsung го претстави Galaxy Alpha

14.08.2014 19:38

Samsung го претстави долго најавуваниот смартфон Galaxy Alpha кој е одликува со „софистициран дизајн и внимателно осмислено компактно тело со метална рамка“. Со дебелина од 7 милиметри, Aplha е еден од најтенките Galaxy уреди на светот.

Според првиот човек на компанијата Џ. К. Шин, Aplha е креиран врз основа на специфичните желби на корисниците, како и со акцент на дизајнот и функционалноста.

Во однос на останатите уреди од Galaxy фамилијата, овој модел има елегантна естетика и компактна конструкција, со заоблени агли и задна страна која е мека на допир, пишува Sam mobile.

Покрај елегантниот дизајн, Aplha се одликува и со моќен хардвер. Тука е 4,7 инчниот HD Super AMOLED екран, процесорот со осум јадра (Quad 1.8GHz + Quad 1.3GHz) или пак оној со четири јадра и работен такт од 2.5GHz, 2GB RAM и внатрешна меморија од 32GB без можност за зголемување со microSD картичка.

Новиот смартфон функционира на Android 4.4 (KitKat), има задна камера со 12 мегапиксели и предна со 2,1мегапиксели, како и батерија со капацитет од 1,860 mAh.

Тука се и големиот број на сензори, како и разните сервиси кои се преземени од актуелните врвни модели на компанијата.

Galaxy Alpha треба да се најде во продажба до крајот на септември.