Карол Навроцки избран за нов претседател во Полска
Наврок победи на вториот круг од претседателските избори во Полска со освоени 50,89 гласови. Неговиот противкандидат, градоначалникот на Варшава, Рафал Тшасковски освои 49,11 насто од гласовите...

Во тесна трка, конзервативецот Карол Наврок победи на вториот круг од претседателските избори во Полска со освоени 50,89 гласови. Неговиот противкандидат, градоначалникот на Варшава, Рафал Тшасковски освои 49,11 насто од гласовите.
„Успеавме да го обединиме целиот патриотски камп во Полска, луѓе кои сакаат нормална Полска, ја сакаат Полска без нелегални мигранти, безбедна Полска. Успеавме да ги обединиме сите оние кои сакаат социјална, општествена безбедност“, изјави Карол Наврок, претседателски кандидат.
Пред конечниот резултат двајцата кандидати тврдеа дека победиле на изборите.
