Полска

Навроцки победник на изборите во Полска

02.06.2025 12:34

Десничарот Карол Навроцки, поддржан од опозициската „Право и правда“ е избран за нов претседател на Полска. Тој во вториот круг освои повеќе гласови од либералниот градоначалник на Варшава, Рафал Тчасковски, иако излезните анкети го сугерираа спротивното. Навроцки за залага за потесно партнерство со САД и порача дека ЕУ не смее да стане замена за НАТО.

Победивме иако фразата тенка како жилет засекогаш ќе стане дел од нашиот јазик и во политиката, беше првото обраќање на популистот и историчар Карол Навроцки по вториот круг претседателски избори во Полска. За малку ќе добиев срцев удар, го дополни неговата сопруга Малгоржата.

„Постигнавме и повеќе од она што го очекувавме. Успеавме да го обединиме патриотскиот кампус. Да ги обединиме луѓето кои посакуваат Полска да е нормална држава, без мигранти, безбедна Полска, со социјална безбедност“, изјави Карол Навроцки-претседател на Полска.

Во последниoт час од гласањето се случи пресвртницата. Неговиот либерален ривал, Рафал Часковски, проевропски ориентиран, се надеваше на победа.

„Ви ветувам, ќе бидам претседател на сите и ќе се борам да почнеме нормално да разговараме меѓу себе. Ќе бидам претседател на сите Полјаци“, изјави Рафал Часковски-кандидат за претседател и градоначалник на Варшава.

Сепак, пријателот на Трамп, којшто беше во овалната соба во белата куќа на втори мај, католик, борец против абортусот и против ЛГБТ заедницата, застапник на повеќебројното семејство успеа прв да ја мине целта. Разликата со неговиот ривал Часковски е пониска за безмалку еден насто од вкупниот број гласови.

Навроцки освои 50,89 насто, Часковски 49,11 насто од гласовите. Државната изборна комисија потврдува-за претседател на Република Полска е избран Карол Тадеуш Навроцки“, изјави Силвестер Марсињак-претседател на Државната изборна комисија.

Силна и независна Полска како дел од Унијата е заложбата на новоизбраниот претседател, којшто се противи на европските програми на премиерот Туск, но е не против испраќањето оружје на Украина. Неофицијалниот кандидат на конзервативната закон и правда, 42-годишниот наследник на Анджеј Дуда, чијашто евроскептична политика потсетува на Орбан и Фицо, ќе ја преземе должноста на 6-ти август.

 

Зоран Богатинов