Партии

Продолжуваат обвинувањата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ

02.06.2025 15:53

Власта и опозицијата ги продолжуваат серијалите – СДСМ за Кочани, ВМРО-ДПМНЕ за пожарот во модуларната болница во Тетово...

Власта и опозицијата ги продолжуваат серијалите – СДСМ за Кочани, ВМРО-ДПМНЕ за пожарот во модуларната болница во Тетово. СДСМ смета дека одговорност за трагедијата во дискотеката „Пулс“ треба да понесе и началничката на ОВР Кочани, Марија Цветковска-Маневска.

„Зошто Марија Цветковска Маневска не одговара за затворената врата во дискотеката Пулс, постапка која скратила драгоцени секунди за спас на многу животи?!

Како е можно како началник на ОВР Кочани, Маневска да нема информации дека е издадена и се спроведува наредба спротивна на стандардната оперативна процедура во секторот на ОВР со која самата раководи!“-велат од СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, го обвини лидерот на СДСМ и екс-министер за здравство, Венко Филипче, дека најпрвин дозволил болницата да се изгради со неогноотпорни материјали, а потоа склучувал анекс на договор со фирмата изведувач.

Во пожарот во модуларната болница во Тетово животот го загубија 14 лица, а пожарот во кочански „Пулс“ однесе 62 живота.

Марија Котовска