Австрија
Напад во училиште во Грац
10.06.2025 12:47
Петмина се убиени и неколкумина се ранети во пукање во средно училиште во австрискиот град Грац.

Најмалку петмина се убиени и неколкумина се ранети во пукање во средно училиште во австрискиот град Грац. Меѓу повредените се ученици и наставници-пренесуваат тамошните медиуми. Се верува дека осомничениот сторител, ученик се самоубил.
Полициската акција е во тек, подрачјето е опколено, а јавноста е повикана да се држи настрана од местото.
